Go Back
куглоф

Празнична комбинација: Куглоф со портокал, брусница и бело чоколадо

Вистинската комбинација на вкусови е спој на портокал, брусница и белочоколадо, „спакувани” во сочен ароматичен празничен куглоф, кој е како создаден за Божиќ.
Prep Time 15 mins
Total Time 1 hr 5 mins

Ingredients
  

  • 250 г путер или маргарин
  • 200 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 6 јајца на собна температура
  • 250 г кисело млеко или кисела павлака
  • 100 г бело чоколадо растопено
  • 350 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 100 г сува брусница
  • 70 г ореви
  • 70 г пекан ореви
  • Kора од 1 портокал

Instructions
 

  • Во длабок сад најпрво изматете ги путерот, ванилата и шеќерот. Матете додека не добиете пенеста смеса и целиот шеќер не е соединет со путерот. Додајте ги јајцата, едно по едно мешајќи добро помеѓу секое додавање.
  • Потоа следи додавањето на растопеното чоколадо. Матете додека смесата не се изедначи. На крај додадете го киселото млеко. Во друг сад промешајте ги брашното и прашокот за печиво и додајте ги во смесата со течните состојки. Во вака приготвената смеса додадете брусница, сечкани ореви и сечкани пекан ореви. На крајот, додајте ја и кората од еден портокал и промешајте.
  • Смесата префрлете ја во калап за куглоф кој претходно ќе го премачкате со путер и набрашните со брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40-50 минути или додека чепкалката не излезе чиста при проверката на колачот.
  • Декорирајте со глазура од бело чоколадо, сува брусница, кора од портокал, пекан и обични ореви и мини мандарини.
    Добар апетит и забавно готвење!