Go Back
бадникова погача

Бадникова погача

Традиционално погачата ја украсувам со парчиња жито изработени од тесто, кои се прават мошне едноставно, а изгледаат феноменално откако ќе ја испечеме погачата
Prep Time 10 mins
Cook Time 40 mins
Време за стасување 1 hr 30 mins
Total Time 2 hrs 20 mins
Servings 5

Ingredients
  

  • 700 г брашно
  • 1 коцка свеж квасец или 1 пакетче сув квасец
  • 400 мл млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер

Instructions
 

  • Најпрво, во длабок сад ставете ги сите состојки за лепчето и замесете меко тесто.
  • Оставете да стаса околу 60-90 минути на собна темепратура додека не го зголеми својот волумен двојно.
  • Размесете го тестото и поделете го на онолку топчиња колку што делови се потребни при кршењето и нанесете ги во подмачкано округло тавче на механизам кое претходно добро ќе го премачкате со масло и ќе го набрашните со брашно.
  • Со дел од тестото или замесете едноставно тесто од брашно, вода и нишесте оформете ги фигурите со кои сакате да ја декорирате погачата.
  • Печете во добро загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!