Go Back
чиабата леб

Чиабата леб без месење

Чиабата лебот одлично се вклопува со сите комбинации на храна. Со него можете да направите крцкав сендвич или пак едноставно да го премачкате со малку маслиново масло и половина лукче и така приготвените парчиња леб да ги запечете на скара.
Prep Time 10 mins
Cook Time 30 mins
Време за стасување 1 hr 30 mins
Total Time 2 hrs 10 mins
Servings 4

Ingredients
  

  • 600 г брашно
  • 500 мл млака вода
  • 1 ½ пакетче сув квасец ¾ од коцка свеж квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 4-5 лажици маслиново масло

Instructions
 

  • Во длабок сад ставете ги брашното, сувиот квасец, солта и шеќерот. Добро промешајте и додајте ги маслото и млаката вода. Со помош на виљушка или дрвена лажица промешајте додека не добиете густо, меко и лепливо тесто кое не може да го месите со раце.
  • Оставете го да стаса во сад покриен со кујнска крпа на топло место околу 60-90 минути.
  • На набрашнета работна површина поделете го тестото на два еднакви дела. Секој дел со набрашнети раце истегнете го долгнавесто и превиткајте го неколку пати.
  • Префрлете во тавче обложено со хартија за печење и оставете да стаса додека ја загреете рерната на 250 степени. Испрскајте го лебот со вода и наросете брашно врз чиабатата.
  • Печете 10 минути на највисока температура, а потоа намалете на 190 степени и печете уште 20-25 минути додека не добие убава златно кафена боја.
  • Покријте со кујнска крпа за чиабатата да остане мека.
    Добар апетит и забавно готвење