Go Back
далгона кафе

Dalgona кафе во 3 превкусни верзии за сечиј вкус

Досега веќе сите знаат како да ја приготват класичната верзија, но јасне би бил јас, доколку не направам свој твист на ова популарен пијалак.
Prep Time 5 mins
Total Time 5 mins

Ingredients
  

За ванила вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 коцки мраз

За чоколаден вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици какао
  • 3 коцки мраз

За кокос вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици кокос
  • 3 коцки мраз

Instructions
 

  • Најпрво за сите кафиња потребно е да ја подготвите густата пена. Во длабок сад со рачен блендер или со жица за матење изматете ги кафето, водата и шеќерот. Матете додека не добиете густа пена. Во чаша ставете го млекото, мразот и промешајте со ванилата. При сервирање ставете од изматената кафе пена.
  • За чоколадниот вкус - изматете ја кафе пената од кафето, ванилиниот шеќер и водата. Изблендирајте го млекото со какаото и сервирајте го во чаша. Додајте мраз и сервирајте со кафе пена. Декорирајте со какао.
  • За кокос вкусот - изматете ја кафе пената матејќи ги кафето, шеќерот и водата. Млекото и кокосот добро изблендирајте го и сервирајте во чаша со мраз. Декорирајте со кафе пената и кокос.
    Добар апетит и забавно готвење!