Go Back
мед торта со ореви

Мед торта со ореви

Сочната мед торта со ореви е токму оној незаборавен вкус кој што совршено ќе се вклопи во сите оние мигови кои сакате да останат запаметени.
Prep Time 30 mins
Cook Time 10 mins
2 hrs
Total Time 2 hrs 40 mins
Servings 18

Ingredients
  

За пандишпаните:

  • 160 г шеќер
  • 2 јајца
  • 2 полни лажици мед
  • Прстофат сода бикарбона
  • 400-600 г брашно во зависност од големината на јајцата потребно е да додавате брашно по потреба колку да се замеси убаво тесто

За филот:

  • 4 лажици шеќер
  • 3 кесички за пудинг од ванила
  • 1 л + 200 мл. млеко
  • 250 г путер на собна температура
  • 200 г шеќер во прав
  • 200 г мелени ореви
  • 250 г мелени бисквити може да додадете наместо бисквити и уште 250 г мелени ореви

Instructions
 

  • За да ги подготвите корите за тортата, во длабок сад изматете ги јајцата, медот, шеќерот и содата заедно. Матете додека волуменот не се зголеми три до четири пати. Целата смеса ставете ја со садот во тенџере на пареа и мешајте цело време додека шеќерот не се растопи комплетно.
  • Тргнете од оган и додајте го брашното. Додавајте брашно малку по малку за да оформите бисквитно тесто. Поделете го на два еднакви делови. Секој дел расукајте го на хартија за печење во правоаголна форма. Пресечете ги краевите за да оформите прав правоаголник и пресечете на три еднакви делови. Печете го целиот пандишпан во загреана рерна на 190 степени околу 8-10 минути. Додека е се уште топла кората, одвојте ги корите од хартијата за печење и оставете да се изладат комплетно. Постапката повторете ја и со другата половина од тестото.
  • За да го подготвите филот, во тенџере на оган загрејте го шеќерот и оставете да се карамелизира. Додајте 1 л млеко, а во сад на страна измешајте ги пудинзите и 200 мл млеко заедно. Додајте ги пудинзите во тенџерето и гответе додека не добиете густ пудинг. Покријте со хартија за свежа храна и оставете да се излади. Во сад на страна, изматете го путерот заедно со шеќерот во прав и додајте го сварениот, но изладен пудинг постепено матејќи со миксер. На крај додајте ги мелените ореви и мелените бисквити и промешајте.
  • За да ја филувате тортата, наредете една кора, а потоа премачкајте со фил. Постапката повторете ја со преостанатите 5 кори и на крај целата торта премачкајте ја со филот.
  • Оставете да се излади и стегне преку ноќ за пандишпаните да го впијат филот. Покријте ја тортата со мелени ореви и половинки ореви така што ќе ги обележите парчињата за полесно сечење.
    Добар апетит и забавно готвење!