Go Back
пекарски компир

Ароматичен пекарски компир

Може да ги комбинирате со сочно парче месо за ручек. Но, ве уверувам дека ќе сакате да ги јадете самостојно бидејќи се превкусни.
Prep Time 10 mins
Cook Time 45 mins
Total Time 55 mins
Servings 4

Ingredients
  

  • 1 кг млад компир
  • 100 гр. растопен путер
  • 2 лажички сенф
  • 2 лажички свежа мајчина душичка
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер по вкус
  • 1 лажиче букова сол
  • 2 чешниња лук ситно исечкани

Instructions
 

  • Најпрво во тенџере на оган ставете го компирот и додадете студена вода. Нека зоврие компирот и гответе околу 15 минути на средна температура. Исцедете од течноста и во тегличка или сад на страна додадете го сенфот, лукот, растопениот путер, мајчината душичка, сол и мелен црн пипер по вкус и букова сол.
  • Добро промешајте и претурете ја смесата во тава за печење обложена со алуминиумска фолија или хартија за печење.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Добар апетит и забавно готвење!