Go Back
мини тартови

Мини индивидуални тартови

Стандарден слаткарски фил со вкус на ванила звучеше како одлична комбинација со крцкава подлога .
Prep Time 20 mins
Cook Time 10 mins
30 mins
Total Time 1 hr
Servings 15

Ingredients
  

За кората:

  • 150 гр. брашно
  • 1 лажица шеќер
  • прстофат сол
  • 120 гр. студен путер исечкан на коцки
  • 2 лажички студена вода

За филот:

  • 1 пудинг од ванила
  • 300 мл. млеко
  • 100 гр. шеќер
  • 125 мл. млеко
  • 1 кесичка за шлаг
  • 1 лажичка есктракт од ванила

За декорација:

  • свежи малини
  • свежи гранчиња нане

Instructions
 

  • Во длабок сад промешајте ги заедно брашното, шеќерот и солта. Додадете го исечканиот путер на коцки и со помош на дланките втријувајте го така што би добиле ситни трошки како песок. Додадете ги лажиците студена вода и со помош на дланките оформете тесто. Спакувајте го тестото во хартија за печење или хартија за свежа храна и оставете да одмори и да се стегне околу 30 минути во ладилник.
  • Во тенџере на оган загрејте го млекото, а пред да дојде до точка на вриење додадете го пудингот, промешан со малку млеко и шеќер. мешајте константно додека смесата не се згусне. Покријте со хартија за свежа храна за да пудингот не фати кора.
  • Расукајте го тестото, и со помош на чаша пресечете кругови, а потоа нанесете ги во мини калапи за тартови. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 7-9 минути.
  • Изматете го млекото со кесичката за шлаг. Додадете ванила и промешајте. Изматете го изладениот пудинг со помош на миксер, а потоа на третини додадете го изматениот шлаг. Добро промешајте. Со овој фил наполнете ги корпите тартови , декорирајте со малини и свежо гранче нане.
    Добар апетит и забавно готвење!