Лимонада со малини
Богатиот и киселкаст вкус на малините ме воодушевува, па затоа не пропуштам да купам по некое канче кога има на залиха на зелените пазари.
Prep Time 10 mins
Total Time 10 mins
- 350 мл. свеж сок од лимон
- 1 л. вода
- 250 гр. малини
- 70 гр.
- 50 гр. шеќер
- 50 мл. вода
- мраз
Во длабок бокал ставете го сокот од лимон и водата.
Малините и шеќерот (70 гр.) сварете ги додека не се распаднат, а потоа прецедете ги низ цедалка. Течноста додадете ја во бокалот.
Сварете едноставен шербет од 50 гр. шеќер и 50мл. вода, изладете го комплетно и додадете го во бокалот. Промешајте и додадете многу мраз.
Сервирајте ја во мали чашки и уживајте со супер кул друштво. Добар апетит за готвење!