Go Back
torta so kokos bez pecenje

Брза летна торта

Во лето секогашсакаме нешто што ќе можеме да го направиме без притоа да ја вклучуваме рернатаи да се потиме на дополнителната топлина. Затоа брзите рецепти и оние безпечење, се најпопуларни за жешките денови.
Prep Time 15 mins
2 hrs
Total Time 2 hrs 15 mins

Ingredients
  

  • 2 пудинга од кокос
  • 700 мл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 лажица салеп
  • 250 г путер
  • 50 г шеќер во прав
  • 600 г бисквити
  • 200 мл млеко за потопување на бисквитите
  • 2 кесички за шлаг
  • 250 мл млеко

Instructions
 

  • Во тенџере на оган ставете половина од млекото да се загрее. Во другата половина промешајте ги пудинзите, салепот и шеќерот.
  • Претурете ја смесата во топлото млеко и сварете го пудингот. Кога ќе се згусне тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Кога комплетно ќе се излади додадете го путерот и шеќерот во прав и матете со миксер додека не се изедначи целата смеса.
  • Обложете со хартија за свежа храна, округло тавче на механизам и земете бисквита по бисквита потопете ја во млеко и нанесете од филот. Наредете ги бисквитите исправени една до друга пополнувајќи го целото тавче. Оставете да се стегне и премачкајте ја целата торта со изматениот шлаг.
  • Декорирајте со мелени бисквити или ореви.
    Добар апетит и забавно готвење!