Go Back
леб со лук

Лепче со сос за незаборавна седенка

Замислете си само колку е слатко кога ќе повлечете делче однего и насекаде ќе се растегне сочен кашкавал, па потоа ќе го макнетепарченцето во сосот од павлака, сирење и буковец. Прсти да излижеш!
Prep Time 1 hr 20 mins
Cook Time 40 mins
Total Time 2 hrs
Servings 6

Ingredients
  

  • 600 г брашно
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 2-3 лажички шеќер
  • 200 мл. млеко
  • 150 мл. масло за јадење
  • 50 мл млака вода
  • 1 јајце

За филот:

  • 250 г рендан кашкавал
  • 2 чешниња лук ситно исечкани
  • 3 лажици ситно исечкан магдонос
  • 1 лажица пармезан рендан
  • 150 мл растопен путер.

За сосот:

  • 150 гр кисела павлака
  • 100 гр крем сирење
  • 1/2 лажичка буковец
  • Сол и бибер по вкус
  • 1 лажица маслиново масло

Instructions
 

  • Најпрво замесете едно тесто од брашното, квасецот, прашокот за печиво, солта, шеќерот, млекото, маслото, млаката вода и јајцето. Убаво измесете и оставете да стаса на собна темепратура околу 1 час.
  • Размесете го и поделете го на 30-тина еднакви топчиња. Секое топче потопете го во растопен путер и извалкајте го во добро измешаната смеса од рендан кашкавал, лук, магдонос и пармезан. Наредете ги топчињата едно по едно во тавче на механизам, обложено со хартија за печење, а во средишниот дел ставате огноотпорен сад добро премачакн со путер од надворешните страни за да не се залепи за тестото, а да направи празнина за сосот при послужување.
  • Оставете да стаса околу 20-30 минути и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.
  • Промешајте ги сите состојки за сосот, ставете ги во сад, а потоа ставете го садот во средишниот дел на ова зачинето лепче.
    Добар апетит и забавно готвење!