Go Back
крофни

Африкански крофни

Однадвор се крцкави, а од внатре преовладува мекатекстура и топла арома на путер. Откако ќе се испржат се валкаат во кристаленшеќер за да се постигне комплетниот ефект
Prep Time 10 mins
Cook Time 15 mins
1 hr 20 mins
Total Time 1 hr 45 mins

Ingredients
  

  • 250 г брашно
  • 2 1/2 лажички сув квасец
  • 170 мл. млако млеко
  • 3 лажички шеќер
  • Прстофат сол
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 јајце
  • Масло за пржење
  • Шеќер за превалкување

Instructions
 

  • Во длабок сад ставете го брашното, а во друг сад на страна ставете ги млекото и квасецот. Промешајте и оставете 2 минути да одморат. Потоа додадете ги шеќерот, јајцето и растопениот путер. Добро промешајте и додадете ја течност во брашното. Додадете го и прстофатот сол и замесете меко тесто од сите состојки.
  • Оставете да одмори околу 1 час на собна температура. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и секој дел расукајте го во долга лента свиткајте го на половина и исплетете го парчето кон краевите. Оставете да одморат уште 20 минути пред да ги испржите.
  • Пржете ги во загреано масло на средна температура. Пржете ги околу 3-4 минути од секоја страна. Исцедете ги од вишокот маснотија на салфетки и извалкајте ги во шеќер.
  • По желба во обичниот шеќер додадете и 1 пакетче ванилин шеќер. Сервирајте додека се топли и по желба додадете чоколаден прелив.
    Добар апетит и забавно готвење!