Go Back
пиварки

Празнични пиварки

Пиварките несомнено се едни од највкуснитепосни колачи кои што се прават на овие простори.
Prep Time 25 mins
Cook Time 20 mins
Total Time 45 mins

Ingredients
  

  • 200 мл пиво
  • 400 мл масло
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • Кора од 1 лимон
  • 5 лажици шеќер
  • Околу 800-1000 г брашно

За шербетот:

  • 400 мл вода
  • 400 г шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • Резанки од 1 лимон
  • Ореви за превалкување

Instructions
 

  • Во длабок сад замесете тесто од пивото, маслото, прашокот за печиво, ванилата, шеќерот и додавајте брашно колку да се замеси убаво глатко тесто.
  • Оформете ги пиварките по желба и наредете ги во тепсија која претходно ќе ја премачкате со масло за јадење. Печете ги на 180 степени загреана рерна околу 20тина минути или додека комплетно не поруменат.
  • Додека се печат пиварките, сварете го шербетот (сите состојки ставете ги да зовријат 5 минути) и додека се топли полејте го врз нив. Кога ќе го впијат шербетот и комплетно ќе се изладат превалкајте ги во мелени ореви.
    Добар апетит и забавно готвење!