Go Back
чоколадни вафли

Чоколадни вафли

Вафлите може да бидат прекрасен појадок или пак делод неделниот бранч. Мојот рецепт ќе Ви помогне да направите автентичничоколадни вафли со крцкава надворешност и совршено лесна и мека внатрешност.
Prep Time 10 mins
Cook Time 10 mins
Total Time 20 mins
Servings 4

Ingredients
  

  • 220 г брашно
  • 3 полни големи лажици какао
  • 1 лажица шеќер
  • 3 големи лажици мед
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 1 лажичка цимет
  • 2 јајца
  • Кора од лимон
  • 450 мл млеко може и бадемово млеко

За сервирање:

  • 1 кесичка шлаг
  • 125 мл. млеко
  • Чоколаден сос за преливот
  • Свежо овошје јагоди
  • Гранчиња нане за декорација

Instructions
 

  • Во длабок сад промешајте ги сите состојки за вафлите и изматете ги со жица за матење додека целата смеса не стане хомогена. Печете ги вафлите во калап за вафли
  • Во сад од електричен миксер изматете шлаг од кесичката за шлаг и млеко.
  • Сервирајте на чинија со малку шлаг, свежи јагоди и чоколаден сос. Декорирајте со гранчиња нане.
    Добар апетит и забавно готвење!