Go Back
кифли мафини

Едноставни кифла-мафини

Се што ќе Ви биде потребно е плех за мафини во кој што ќе гиставите едноставно обликуваните плетенки.
Prep Time 1 hr
Cook Time 25 mins
20 mins
Total Time 1 hr 45 mins
Servings 15

Ingredients
  

  • 450 гр. брашно
  • 150 мл млеко
  • 50 мл масло за јадење
  • 50 мл вода
  • 1 лажичка инстант квасец
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр путер на собна температура

Instructions
 

  • Замесете тесто од сите состојки и оставете да отстои на собна температура околу 1 час. Размесете го и поделете го на 15 еднакви делови и секој од тие 15 еднакви делови поделете ги на два дела.
  • Расукајте ги во долгнавести ленти и сплетете плетенка од двете ленти. Ставете ги во подмачкан плех за мафини и оставете 20 мин да одморат.
  • Премачкајте со жолчка и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!