Go Back
компири

Лепеза компир со кулен

Доволен ми е само еден компир за да го трансформирам во комплетно јадење, а во исто време да не направам речиси никаков неред во кујната.

Ingredients
  

  • 4 долги компири
  • 4 лажици сенф
  • 100 мл масло за јадење
  • Сол и мелен црн пипер
  • 100 г кулен
  • 50 г кашкавал
  • Свежа мајчина душичка или оригано

Instructions
 

  • Исечкајте ги компирите на тркалца, но не целосно, бидејќи треба да останат во една целина како на фотографијата. Помеѓу секое тркалце премачкајте со сенф, сол и мелен црн пипер. Додадете оригано или мајчина душичка. Во секоја празнина додадете кулен.
  • Целиот компир вака подготвен обвиткајте го во алуминиумска фолија со масло за јадење и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути.
  • Кога ќе биде готов додека е се уште топол врз него изрендајте кашкавал.
    Добар апетит и забавно готвење!