Go Back
чизкејк коцки

Чизкејк коцки со прелив од шумско овошје

Во деновите кога тешко се справувате со летните горештини, овој десерт еодлична замена за сладолед.
Prep Time 15 mins

Ingredients
  

За основата:

  • 150 г мелени бисквити
  • 4-5 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 120 г растопен путер или маргарин

За филот:

  • 400 г кисело млеко
  • 100-150 г шеќер во прав
  • 2 кесички за шлаг
  • 1 лажичка екстракт од ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакетче желатин растворен во 4 лажици студена вода, а потоа растопен на пареа

За преливот со шумско овошје:

  • 200 г шумско овошје вишни, малини, јагоди, аронија..
  • 3 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер

Instructions
 

  • За да ја подготвите основата, во длабок сад ставете ги мелените бисквити, шеќерот, ванилата и растопениот путер или маргарин. Префрлете ја смесата во мало тавче 18х18см ( за поголемо тавче дуплирајте ја дозата на сите состојки). Со помош на шпатула рамномерно распределете ја основата.
  • За да го подготвите филот, во сад ставете го киселото млеко и додајте го шеќерот во прав и добро промешајте. Додајте ги и кесичките за шлаг, екстрактот од ванила и добро промешајте. Додајте го растопениот желатин и промешајте. Префрлете го филот врз основата и оставете во ладилник да се стегне околу 3-4 часа.
  • Пред да сервирате во мало тенџере на оган ставете го шумското овошје, шеќерот и ванилата. Оставете смесата да врие околу 10 минути, а потоа поминете ја низ сито за да добиете чист сируп од шумско овошје.
  • Сервирајте врз секое парче чизкејк од изладениот сируп и уживајте.