Go Back
cia puding

5 верзии на чиа пудинг

Чиа семето е одличен извор на омега 3 масни киселини, мошне е богато со калциум и магнезиум, а воедно го зголемува и чувството на ситост.
Prep Time 5 mins
30 mins
Total Time 35 mins

Ingredients
  

Чиа пудинг со шумско овошје

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 150 мл бадемово млеко може и обично кравјо или било кое растително млеко
  • 2 лажички мед
  • Мешано шумско овошје за декорација

Чиа пудинг со семки од тиква

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 150 мл млеко
  • 2 лажички мед
  • 2 лажици семки од тиква

Чоко чиа пудинг

  • 3-4 лажици чиа семе
  • 2 лажици какао
  • 150 мл млеко
  • 2 лажици агаве сируп или малтекс
  • 1 лажица чоко капки
  • 2 лажици сечкани ореви

Чиа пудинг со бадеми и мед

  • 3-4 лажици чиа пудинг
  • 150 мл млеко
  • 2 лажички мед
  • 2-3 лажици сечкани бадеми

Чиа пудинг со кокос и малина

  • 3-4 лажици чиа пудинг
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица кокос
  • 2 лажички мед или шеќер
  • 5-6 малинки за декорација
  • Кокосов чипс за декорација

Instructions
 

  • За да ја подготвите било која од овие вкусни комбинации во чаша ставете го млекото, чиа семето и промешајте. Оставете во ладилник 30 минути да се желира, а на секои 10 минути промешајте за да биде еднакво желирањето во целата чаша. Пред сервирање додајте го медот и декорирајте ја секоја чашка со Вашиот омилен вкус.
    Добар апетит и забавно готвење!