Печен модар домат
Мојата верзија на овој превкусен зеленчук е спој на печен модар домат со босилек, пармезан и моцарела.
- 1 модар домат
- Сол по вкус
- Маслиново масло
- 150 мл доматен сос
- 50 г рендан пармезан
- 2-3 лажици исечкан свеж босилек
- 200-250 г свежа моцарела исечкана на ленти
- Мелен црн пипер по вкус
- Свежо исечкан босилек или магдонос за декорација
Најпрво пресечете го модриот домат на ленти и ставете го во сад со малку сол за да се отстрани вишокот на течност. Оставете ги да отстојат околу 30-тина минути.
Добро избришете ги со кујнска крпа или салфетка и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете ги парчињата во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути.
Премачкајте го секое парче со доматен сос, нанесете рендан пармезан, свежо исечкан босилек и свежа моцарела.
Печете уште 10-15 минути на иста температура и пред сервирање прелијте со тенок млаз маслиново масло. Сервирајте со свежо исечкан босилек или магдонос.Добар апетит и забавно готвење!