Пуслица ролат
Овој воздушест и наизглед деликатен десерт, е интересен спој на благ и красит вкус, кој е крунисан со ситни парчиња ф’стаци.
Prep Time 25 mins
Cook Time 25 mins
Total Time 50 mins
- 5 јајца одвоени жолчките од белките
- 270 г шеќер
- 50 г сечкани ф’стаци
За филот со лимон:
- 5 жолчки
- 1 полна лажица пудинг од ванила
- 100 г путер
- 150 г шеќер
- Сок од 2 лимони
- Кора од 2 лимони
За шлагот:
- 4 кесички шлаг
- 450 м млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
Во чист сад изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Матете околу 10 минути додека не добиете цврст снег од белки и шеќерот не биде целосно растопен.
Распределете ги изматените белки во тавче обложено со хартија за печење (јас го користев тавчето од шпоретот). Наредете исечкани ф’стаци по целата површината. Печете 8 минути во загреана рерна на 180 степени, а потоа уште 15 минути на 140 степени. Оставете да се излади 5 минути, а потоа префрлете ја кората со страната од каде што се ф’стаците надолу на хартија за печење претходно наросена со шеќер во прав. Оставете комплетно да се излади.
За да го подготвите филот, во сад на оган гответе го путерот, шеќерот, сокот од лимон и жолчките.
Гответе со постојано мешање, а потоа додајте го прашокот за пудинг од ванила малку растворен во лимонов сок. Мешајте додека не добиете лесно густа смеса. Промешајте и оставете комплетно да се излади.
Изматете ги кесичките шлаг со млекото и екстрактот од ванила во цврст фил.
Филувајте ја изладената кора од белки со шлагот и ставете 6-7 лажици од филот со лимон. Преостанатиот дел може да го чувате во ладилник до 1 недела. Дополнително наредете сечкани ф’стаци и превиткајте ја кората внимателно со помош на хартијата за печење. Ролатот додека го виткате ќе распука, но тоа е дел од презентацијата. Оставете комплетно да се излади се додека не го сервирате.Добар апетит и забавно готвење!