Go Back
полнети компири

Двојно печени компири полнети со крем фил

Користев органски компири, тукушто ископани од домашната градина, чиј вкус го збогатив со супер кремаст филм од кисела павлака и уште неколку превкусни состојки.
Prep Time 15 mins
Cook Time 40 mins

Ingredients
  

  • 5 средни компири
  • маслиново масло
  • сол по вкус

За филот:

  • 3 лажици кисела павлака
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици обарен грашак
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 50 г рендан кашкавал
  • 20 г рендан пармезан
  • 100 г обарена брокула

За декорација:

  • 50 г рендан кашкавал
  • свежо измелен црн пипер

Instructions
 

  • Најпрвин со помош на дланките убаво премачкајте ги компирите со маслото за јадење. Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење и печете околу 45 до 60 минути во загреана рерна на 190 степени.
  • Кога ќе бидат печени, оставете ги да се изладатоколу 10 минути. Со нож, пресечете ги на половина, со помош на лажица извадетего внатрешниот дел и ставете го во сад.
  • Во садот додајте го путерот, киселата павлака, обарениот грашок и изренданиот кашкавал и пармезан. Промешајте и зачинете со сол и мелен црн пипер. Повторно промешајте и наполнете ги празните школки од компири.
  • Наредете ги парчињата брокула и нарусете малку од ренданиот кашкавал. Печете ги повторно компирите во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
  • Пред сервирање нарусете свежо измелен црн пипер.
    Добар апетит и забавно готвење!