Go Back
домашен леб

Домашен леб

Освен што е одличен на вкус, овој леб има и впечатлив изглед. Се подготвува на специфичен начин со помош на ножички за да добиете одлична презентација.
Prep Time 1 hr
Cook Time 30 mins
Servings 1 векна

Ingredients
  

  • 350 г брашно
  • 200 мл млака вода
  • 1 1/2 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица маслиново масло

Instructions
 

  • Во длабок сад ставете гибрашното, сувиот квасец, солта и шеќерот. Додајте ја млаката вода и промешајтесо дрвена лажица за да ги соедините состојките. Потребно е да подготвите многулепливо и меко тесто.
  • Покријте го садот сокрпа и оставете го тестото да стаса на собна температура околу 1 час.
  • На добро набрашнетаработна површина префрлете го тестото и оформете долга векна (нешто слично какобагет леб). Тестото ќе биде многу лепливо, па често набрашнувајте ги рацете.
  • Префрлете ја векната вотавче обложено со хартија за печење и со ножици под агол од 45 степенипресечете парчиња (не сечејки ги комплетно од векната). Премачкајте го лебот сомаслиново масло и по желба нарусете сусам, оригано и ким.
  • Во лонче (илиогноотпорен сад) зовријте вода и ставете го во тавчето на страна. Причинатапоради која се става лончето со вода е да се создаде пареа во рерната припечење за да добиете добро нараснат леб кој нема да биде тврд.
  • Префрлете го тавчето вовеќе загреана рерна на 220 степени и печете околу 25-30 минути. Од време навреме, на секои 7-8 минути, отворете ја рерната и со помош на прскалка со водапрснете неколку пати за да ја одржувате влагата во рерната.
  • Штом го извадите леботод рерна покријте го со влажна крпа за да остане мек и до наредниот ден.