Go Back
варени гевречиња

Домашни варени ѓевречиња

Постапката на подготовкае мошне лесна и практична, а крајниот резултат се превкусни ѓевречиња, каквишто нема ни во пекара.
Prep Time 1 hr 30 mins
Cook Time 25 mins
Servings 16 ѓевречиња

Ingredients
  

За ѓевречињата:

  • 700 г брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици соино, оризово или кравјо млеко
  • 2 1/2 лажички сув квасец
  • 450 мл млака вода

За водата во која ќе се варат

  • 2 л вода
  • 2 лажици мед или шеќер
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажица млеко во прав (соино, оризово или кравјо)
  • сусам, ким, суво оригано, лук во прав, буковец за наросување

Instructions
 

  • Во длабок сад ставете гибрашното, солта, шеќерот, млекото во прав и сувиот квасец. Промешајте и додајтеја млаката вода. Замесете меко тесто и оставете го да отстои околу час до час иполовина на топло место.
  • Поделете го стасанототесто на 8 поголеми или 16 помали делови (во зависност колкави сакате да бидатѓевречињата) и секое парче тесто оформете го како ѓеврек т.е. направетевдлабнатина во средината. Ставете ги формираните ѓевречиња во тавче обложено сохартија за печење и оставете ги да одморат 15-20 минути – непокриени.
  • Во голема тава загрејтеја водата на средна температура и додајте го млекото во прав и медот илишеќерот. Водата не треба да врие туку потребно е да ја одржувате температуратада биде пред вриење.
  • Варете две три ѓевречињапо 30 секунди од секоја страна, па потоа вратете ги варените ѓевречиња вотавчето обложено со хартија за печење.
  • Наросете сусам, зачиниили семиња по желба и печете во веќе загреана рерна на 180 степени околу 20-30минути.
    Добар апетит и забавно готвење!