Go Back
brusketa lepcinja

Брускета лепчиња со моцарела и шери домати

Брускета лепчиња какви што не сте пробале до сега. Подгответе ги за викенд или за вечера било кој ден од неделата и уживате со семејството и пријателите во ова брзо мезе полно со вкусовоте кои летото ни ги дарува.
Prep Time 5 mins
Cook Time 15 mins
Course Appetizer
Cuisine Italian
Servings 2

Ingredients
  

  • 1 багет леб
  • 300 г свежа моцарела
  • 2-3 лажици маслиново масло ладно цедено
  • 1 лажичка сув босилек
  • 200 г шери домати
  • 10 листови босилек свеж

Instructions
 

  • Пресечете го багет лебот на половина и потпечете го во загреана рерна на 150 степени околу 5-10 мин за да стане крцкав.
  • Пресечете ја моцарелата на ленти и наредете врз потпечените лепчиња. 
  • Наредете и кругови шери домати, рендан пармезан и сув босилек.
  • Полејте со малку маслиново масло и печете во загреана рерна на 150-160 степени околу 15- 20 минути.
  • Пред сервирање наредете листови свеж босилек и полејте со малку маслиново масло.
  • Добар апетит и забавно готвење!

Notes

Доколку сакате може да користите и обични кришки леб или тост леб за овој рецепт.
Свежата моцарела може да ја замените со рендан кашкавал. 
Keyword брзи рецепти, брускета, потпечени лепчиња