За мене

Здраво!

Доколку посакувате да бидете генијални во кујната и да бидете самоуверени за тоа што ќе го подготвите таму, тогаш сте на вистинското место!

Davor Panchevski

Јас сум Давор, дипломиран маркетер на Економски факултет, но својата пасија ја најдов во готвењето. Колку што можам да се сетам, растев во семејство каде секој среќен момент беше споделуван околу трпезата. Трпезите секогаш биле полни со вкусни јадења подготвени од рацете на мајка ми. Паметам еден ден кога мајка ми ми рече – Дејв, ни доаѓаат гости, ќе го спремиш ти десертот, во ред? Во тој момент бев почестен од тој коментар бидејќи веруваше во мене, па не смеев да направам грешка. На овој начин го подготвив првиот рецепт самостојно – француски палачинки.

Моќта на домашното готвење е нешто на кое постојано се воодушевував. Пред 5 години започнав да ги објавувам моите рецепти на социјалните медиуми Facebook и Instagram. По зготвените илјадници рецепти дојде време кога го објавив и мојот прв готвач „Гответе насмеани“. По големиот успех на „Гответе насмеани“ и неговиот втор тираж, го издадов и мојот втор готвач „Најдоброто од Македонската кујна“ кој е издаден на Македонски и Англиски јазик.

daves-kitchen.com е веб страна за рецепти за секоја пригода. Покрај многубројните рецепти, на овој блог ќе пронајдете идеи за како да ја украсите трпезата или како да подготвите вкусни идеи за подарок кој се конзумираат. Ќе научите совети со кои полесно ќе ги готвите рецептите кои секогаш Ви биле одбивни или пак едноставно ќе уживате во разнобојните фотографии.

Од вкусни и разнобојни појадоци и брзи и лесни идеи за ручек до фасцинантни десерти кој секој ќе воодушеват. Без разлика за каква пригода се работи, на овој блог ќе го пронајдете рецептот кој ќе Ви донесе многу пофалби на Вашата забава.

Имајте многу забавни готвења!
Давор