чоколадна торта

Чоколадна торта со малини и бело чоколадо

Денот на вљубените е идеален за да ги опсипете своите сакани со многу љубов и внимание.  Не мислам само на букет ружи и плишано мече со љубовна порака, туку на нешто ново, интересно и мошне впечатливо. Оваа чоколадна торта со малини и бело чоколадо е нешто што вешто ќе измами насмевка кај личноста која го освоила вашето срце.

чоколадна торта
чоколадна торта

Бидете храбри во изразувањето на љубовта и подгответе и вистинско освежително изненадување. Токму тоа изненадување ќе ги заскокотка сетилата и ќe придонесе во создавањето на една незаборавна романтична вечер. Чоколадната торта со лесен фил од малина и бело чоколадо, е сладострасно задоволство кое ќе Ве направи среќни, возбудени и исполнети со љубов. Интензивниот вкус на какао, е возвишен со свежината на овошјето, па лесно ќе бидете обземени од магијата на овој прекрасен десерт.

Пуштете си тивка музика, уживајте во чаша добро црвено вино,  топла прегратка и парче од оваа превкусна симфонија од вкусови.

чоколадна торта

Совршенство за денот на вљубените – Чоколадна торта со малини и бело чоколадо

Денот на вљубените е идеален за да ги опсипете своите сакани со многуљубов и внимание.  Не мислам само набукет ружи и плишано мече со љубовна порака, туку на нешто ново, интересно имошне впечатливо, што вешто ќе измами насмевка кај личноста која го освоилавашето срце.
време за подготовка 40 mins
време за готвење 40 mins
Вкупно време 1 hr 20 mins
сервирања 16

Состојки
  

За чоколадните пандишпани:

  • 300 г брашно
  • 150 г шеќер
  • 100 г какао
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 ½ лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 2 лажички инстант кафе
  • 250 мл. млеко
  • 120 мл. масло за јадење
  • 2 јајца на собна температура
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 250 мл. топла вода

За филот:

  • 500 мл. млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 3 лажици шеќер или мед
  • 2 лажици путер
  • 200 г. квалитетна бела чоколада исечкана на помали парчиња
  • 250 мл. слатка павлака хопла, изматена во цврст шлаг или 2 кесички прашок за шлаг изматени со 250 мл. млеко
  • 200 г малини сварени со 2 лажици шеќер процедени низ цедалка за да се добие сируп од малини без семки.
  • Розова прехранбена боја
  • 1 пакетче желатин растворено во вода и растопено на пареа
  • Замрзнати малини за декорација
  • 50 г чоколадо – за декорација
  • Мини манчмалоу за декорација

Начин на подготовка
 

  • Најпрво во сад промешајте ги брашното, шеќерот, какаото, прашокот за печиво, содата, солта и инстант кафето со помош на жица за матење.
  • Додајте ги млекото, маслото, јајцата, ванилиниот шеќер и топлата вода. Добро промешајте ја целата смеса и поделете ја смесата во две округли тавчиња бр: 24, добро премачкани со масло и обложени со хартија за печење.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
  • Оставете ги пандишпаните да се изладат. Кога комплетно ќе бидат изладени со „пила“ нож пресечете го горниот нараснат дел на двата пандишпаните.
  • За да го подготвите филот, во тенџере на оган загрејте го млекото и сварете ги пудинзите заедно со шеќерот или медот. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ja од оган и додајте го путерот, белата чоколада и добро промешајте додека чоколадата не биде растопена.
  • Филот префрлете го во сад и покријте со хартија за свежа храна. Кога комплетно ќе биде изладен пудингот, изматете го со миксер и додајте го изматениот шлаг, сирупот од малини и прехранбена боја по желба, додека не ја добиете посакуваната боја. Додајте го и растопениот желатин и добро промешајте.
  • Префрлете го филот во готварски шприц и декорирајте ги двата пандишпани посебно со фил, малини и мини манчмалоу.
  • Оставете ги пандишпаните одделно да се стегнат во ладилник, а кога филот ќе биде цврст, едниот пандишпан ставете го врз другиот. Декорирајте со чоколадо во облик на срце и послужете. Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар