Крцкав свински бут со глазура од мед – вистинско хедонистичко ремек дело

Неодамна добив помалку необично барање од моите внуки. Додека заедно гледавме цртан филм, ме запрашаа дали можам да го „оживеам“ јадењето од цртанот, во овој случај сочен свински бут прелеан со некаква глазура.

И што да им одговорам освен: Да, ќе се обидам!

Мора да признаам дека за да доловиш вкус и изглед кој го има само на цртан филм, треба голема фантазија. Нештата стануваат уште потешки кога спроти себе имаш деца критичари.

свински бут

За волја на вистината, се справив со предизвикот и успеав да создадам совршено крцкаво парче месо. Истото се топи во уста уште на врвот од јазикот. Сладоста на медот, ја пресеков со острината на сенфот, правејќи богата глазура што неверојатно се вклопува со интензивниот вкус на свинското месо. Токму овој свински бут за неколку часа се претвори во вистинско хедонистичко ремек дело.

Миризливо и супер крцкаво! Одлично јадење за новогодишните и божиќните празници, воедно и за сите оние прилики кога сакате да ги  импресионирате најблиските со своите вештини во печење месо. Моите критичари беа пресреќни! Сега само се прашувам каков ли ќе биде следниот предизвик?!

свински бут

Крцкав свински бут со глазура од мед

Миризливо и супер крцкаво! Одлично јадење за новогодишните и божиќнитепразници, воедно и за сите оние прилики кога сакате да ги  импресионирате најблиските со своите вештиниво печење месо
време за подготовка 20 mins
време за готвење 6 hrs
Вкупно време 6 hrs 20 mins
сервирања 8

Состојки
  

  • 1 свински бут
  • Сол по вкус

За глазурата:

  • 2 лажици мед
  • 2 лажички сенф
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • Каранфилчиња

Начин на подготовка
 

  • Неколку часа пред да го печете месото, посолете го бутот со сол. Ставете го во тавче обложено со хартија за печење и покријте го со алуминиумска фолија. Покријте го убаво од сите страни и во неколку слоја, не дозволувајќи да излезе пареата.
  • Печете во загреана рерна на 150 степени околу 4-5 часа. Следно, отстранете ја фолијата од тавчето и извадете ја кожата од бутот.
  • Во сад на страна промешајте ги сите состојки за глазурата – медот, сенфот, солта и мелениот црн пипер и кафениот шеќер. Расечете го бутот во баклави и прелијте го со глазурата. Ставете каранфилчиња во секој крст каде што ќе се сретнат баклавите и печете во загреана рерна на 180 степени, без фолија уште 40-50 минути. Внимателно, на секој 10 минути прелевајте го бутот со течноста од тавата. На тој начин ќе добиете крцкава кора и бут полн со вкусови.
  • Оставете 20 минути да се излади, па потоа пресечете парчиња.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар