цезар салата

Цезар салата со егзотичен вкус и совршен домашен дресинг

Цезар салата е салата која што задолжително треба да се најде на вашата трпеза. Мојата егзотична верзија дефинитивно нема да Ве разочара.

За почеток заборавете на купечкиот дресинг за салата! Не сме тука за да одиме по скратениот пат, туку за да подготвиме нешто уникатно, сочно и совршено вкусно, како што е домашниот сос за цезар салата. Трикот е во фузијата на мајонезот со два типа на павлака. Потоа тоа се надополнува со посебно избрани зачини, а на крајот сето тоа се нагласува со цитрусната нота на лимонот.

цезар салата

При подготовката на пилешките гради повторно користиме најразлични зачини како оригано, зачин за пилешко, сол и бибер. Тоа му овозможуваат на месото да добие поинтензивен и поинтересен вкус, а воедно да остане сочно и полно со сокови.

Третата компонента на оваа егзотична и исклучително задоволувачка цезар салата се кубетите од печен чиабата леб зачинет со лук, оригано и буковец, супер зачинет и миризлив додаток за целосно и потполно уживање во оваа салата.

цезар салата

Цезар салата со егзотичен вкус

За почеток заборавете на купечкиот дресинг за салата! Не сме тука за даодиме по скратениот пат, туку за да подготвиме нешто уникатно, сочно и совршеновкусно, како што е домашниот сос за цезар салата.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 40 mins
Вкупно време 55 mins
сервирања 2

Состојки
  

  • 1 марула
  • 2 парчиња пилешки гради
  • Сол
  • мелен црн бибер
  • 1 лажичка оригано
  • 3 парчиња чиабата леб
  • Маслиново масло
  • ½ лажичка лук во прав
  • 1 лажичка буковец
  • ½ лажичка оригано
  • 50 гр пармезан
  • 100 гр шери домати

За преливот:

  • 2 лажици мајонез
  • 4 лажици кисела павлака
  • 2 лажици неутрална павлака
  • Сол
  • Црн бибер
  • ½ лажичка куркума или кари
  • 1 чешне лук исечкано
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • Сок од половина лимон
  • ½ лажичка сенф
  • 1 лажичка буковец
  • ½ лажичка оригано

Начин на подготовка
 

  • Најпрвин во тавче обложено со хартија, ставете ги пилешките гради и зачинете ги со сол и мелен црн пипер. Додадете оригано и полејте со малку маслиново масло. Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
  • Штом пилешкото ќе биде зготвено покријте го со парче алуминиумска фолија за да остане меко, а соковите се ослободат од месото.
  • По 20 минути, пресечете го месото на помали парчиња и оставете го на страна.
  • Во тавчето каде што се печело белото месо, ставете ги претходно исечените парчиња чиабата леб на помали коцки. Зачинете со буковец, лук во прав, оригано и полејте малку маслиново масло. Печете околу 10 минути на истата температура, или додека не добиете убаво испечени кубети.
  • Во стаклен сад, ставете ги сите состојки потребни за преливот и добро промешајте додека не добиете течен и соединет прелив за Цезар салата.
  • Во длабок сад, ставете ја исечената марула, кубетите, парчињата месо, шери доматите пресечени на половина и пармезанот исечен на тенки листови. Добро промешајте и додајте половина од преливот. Измешајте ја салатата додека сите парчиња од месото не бидат покриени со преливот. На крај, сервирајте во чинија и додајте прелив. Декорирајте ја салатата со парчиња пармезан и уживајте.

Остави коментар