чиабата леб

Чиабата леб кој не треба да го месите

Чиабата лебот одлично се вклопува со сите комбинации на храна. Со него можете да направите крцкав сендвич или пак едноставно да го премачкате со малку маслиново масло и половина лукче и така приготвените парчиња леб да ги запечете на скара. Ако повеќе ја преферирате слатката страна на животот тогаш изберете да го консумирате овој чиабата леб со вашиот омилен џем.

Основните состојки со кои што се прави овој италијански леб се пченично брашно, сол, квасец и вода, но постојат и други варијации на чиабата леб кои се издвојуваат по текстурата и кората.

чиабата леб

Со Вас денес го споделувам својот рецепт за домашен чиабата леб за кој не е потребно месење. Ова е лесен и едноставен ароматичен леб кој плени не само со неговиот изглед, туку и со неговиот вкус. Истиот е идеален спој на мека внатрешност и супер крцкава надворешност.

чиабата леб

Чиабата леб без месење

Чиабата лебот одлично се вклопува со сите комбинации на храна. Со него можете да направите крцкав сендвич или пак едноставно да го премачкате со малку маслиново масло и половина лукче и така приготвените парчиња леб да ги запечете на скара.
Prep Time 10 mins
Cook Time 30 mins
Време за стасување 1 hr 30 mins
Total Time 2 hrs 10 mins
Servings 4

Ingredients
  

  • 600 г брашно
  • 500 мл млака вода
  • 1 ½ пакетче сув квасец ¾ од коцка свеж квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 4-5 лажици маслиново масло

Instructions
 

  • Во длабок сад ставете ги брашното, сувиот квасец, солта и шеќерот. Добро промешајте и додајте ги маслото и млаката вода. Со помош на виљушка или дрвена лажица промешајте додека не добиете густо, меко и лепливо тесто кое не може да го месите со раце.
  • Оставете го да стаса во сад покриен со кујнска крпа на топло место околу 60-90 минути.
  • На набрашнета работна површина поделете го тестото на два еднакви дела. Секој дел со набрашнети раце истегнете го долгнавесто и превиткајте го неколку пати.
  • Префрлете во тавче обложено со хартија за печење и оставете да стаса додека ја загреете рерната на 250 степени. Испрскајте го лебот со вода и наросете брашно врз чиабатата.
  • Печете 10 минути на највисока температура, а потоа намалете на 190 степени и печете уште 20-25 минути додека не добие убава златно кафена боја.
  • Покријте со кујнска крпа за чиабатата да остане мека.
    Добар апетит и забавно готвење



Leave a Reply