Тирамисуто е кремаст и богат слоевит италијански десерт со моќен вкус на еспресо и маскарпоне сирење. Деликатната кремаста структура, пресечена со острината на какаото го прави овој десерт победничка комбинација. Мојата верзија на оваа италијанска класика е во форма на декадентна тирамису торта, со неодолив вкус на кафе, маскарпоне и ванила.
Италијанците вообичаено се држат до традиционалниот рецепт. Популарноста на овој десерт во светски рамки несомнено предизвика лавина од најразлични адаптации. Почнувајќи од торти, па се до колачи и други типови на десерти.

Покрај совршениот спој на состојки, тука е и неверојатниот изглед. Токму поради тоа оваа торта е како порачана кога сакате да направите десерт кој ќе го привлече вниманието на вашите гости.
Она што најмногу ќе Ви се допадне е едноставната постапка за приготвување. Откако сте ја приготвиле, најдобро е преку ноќ да ја оставите во ладилник. На тој начин пандишпанот и пишкотите убаво ќе омекнат и десертот да ја добие потребната сочност по која е препознатлив.

Тирамису торта
Ingredients
- 1 парче готов пандишпан
- 600 г пишкоти
- 500 г маскарпоне сирење
- 60 г шеќер во прав
- 6 белки
- 150 г шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 6 жолчки
- 100 г шеќер во прав
- 1 пакетче желатин растворено во вода и растопено на пареа
- 1 шолја од 300 мл. јако сварено еспресо
- Kакао
За декорација:
- 2 кесички шлаг изматени со 250 мл. млеко
- Парчиња чоколадо
Instructions
- о сад на пареа изматете ги жолчките заедно со 100 г шеќер во прав и со постојано матење, гответе ги околу 10 минути. Тргнете од пареа и во длабок сад изматете ги белките со 150 г шеќер и две пакетчиња ванилин шеќер во цврст снег. Во посебен сад изматете го маскарпонето со 60 г шеќер во прав. Во садот со изматеното маскарпоне додајте ги зготвените жолчки и промешајте. Потоа додадете ги и изматените белки и соединете го целиот фил. На крај ставете го раствореното пакетче желатин на пареа и добро промешајте.
- Во округло тавче на механизам наредете го готовиот пандишпан кој што ќе го потопите со малку сварено еспресо. Додајте од филот со маскарпоне и израмнете ја целата површина. Нарусете какао, а потоа наредете еден слој пишкоти потопени во еспресо. Повторно ставете од филот со маскарпоне и нарусете какао. На крајот завршете со ред пишкоти потопени во кафе и тенок слој од филот со маскарпоне. Нарусете какао.
- Изматениот шлаг пренесете го во кесичка за декорација и формирајте мали топчиња на врвот од тортата. Нарусете со какао и декорирајте со парчиња чоколадо во средишниот дел од тортата. Оставете ја да се стегне минимум 4 часа во ладилник или оставете ја преку ноќ. Пресечете парчиња и послужете.Добар апетит и забавно готвење!