сендвич колачиња

Сендвич колачиња со џем од кајсии – одлични за празниците

На моите новогодишни и божиќни трпези секогаш има место за колачиња. Од многубројните рецепти, денес Ви го издвојувам рецептот за сендвич колачиња со џем од кајсии.

Ако поради било која причина не сте љубители на кајсии, заменете го овој џем со оној од вашето омилено овошје. Истото важи за бадемите, може да ги замените со ореви, во зависност од тоа кој вкус го преферирате повеќе.

Бројот на колачињата кои ќе ги направите од оваа доза зависи од големината на калапот за сечење на колачињата. Можете да направите мини верзија или пак да се определите за малку поголеми колачиња кои повеќе ќе наликуваат на сендвич.

сендвич колачиња

Чоколадото во кое што ќе ги потопувате може да биде чоколадо за готвење, но воедно може да експериментирате со млечно и бело чоколадо. За уште повпечатлива презентација растопете 3 различни видови на чоколадо и играјте си со изгледот на колачињата. Како што можете да забележите ова е рецепт, во кој до израз доаѓа вашата креативност Па, затоа Ве охрабрувам во потполност да и се препуштите и да уживате во готвењето заедно со своите најблиски.

сендвич колачиња со џем од кајсии

Сендвич колачиња со џем од кајсии

На моите новогодишни и божиќни трпези секогаш има место за колачиња. Од многубројните рецепти на оваа тема, денес Ви го издвојувам рецептот за сендвич колачи со џем од кајсии.
време за подготовка 10 mins
време за готвење 10 mins
40 mins
Вкупно време 1 hr

Состојки
  

  • 150 г брашно
  • 150 г мелени бадеми или ореви
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 150 г шеќер
  • Прстофат сол
  • 1 јајце
  • 100 г путер или маргарин омекнат

За филот:

  • 7-8 лажици џем од кајсии
  • 150-200 г чоколадо за готвење растопено
  • 120 г мелени ореви
  • 20- тина половинки од ореви

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад измешајте ги заедно брашното, мелените бадеми или ореви и прашокот за печиво. Во друг сад изматете го путерот заедно со шеќерот и додадете го јајцето. Додајте ја солта и сувите состојки и оформете тесто за колачи. Оставете го вака подготвеното тесто во ладилник да се стегне околу 1 час.
  • На набрашнета работна површина расукајте го тестото и пресечете околу 40 кругови со калап за колачи или со помош на помала чаша. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 8-10 минути. Оставете комплетно да се изладат.
  • Земете едно колаче и нанесете малку од џемот од кајсии, а потоа поклопете со друго колаче.
  • Вака подготвеното сендвич колаче потопете го во растопена чоколада и веднаш наросете мелени ореви додека чоколадата не се стегнала.
  • На крај потопете половинка од орев и декорирајте го колачето во средишниот дел. Постапката повторете ја и со преостанатите колачиња.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар