греено вино

Греено вино – рецепт кој не сакате да го пропуштите

Мммм…Греено вино!
Нешто што е полн погодок за студена зимска вечер. Без разлика дали го приготвувате за вашиот сакан/а или пак за најблиските, грееното вино е еден од најубавите и највкусните топли пијалаци. Можете да ги прилагодувате на својот вкус така што ќе му додадете најразлични состојки.

За мене, подготовката на овој совршен напиток со црвено вино, е вистински ритуал. Најпрво ги избирам најубавите стаклени чаши, па потоа омиленото вино и на крај следува магичното спојување на сите компоненти во една неверојатна целина. Нема ништо повкусно од голтка црвено вино која плени со аромата на портокал и мандарина. Токму овие две компоненти се заробени во топлите ноти на цимет, ѓумбир, анасон и каранфилче. Убавината на грееното вино е во тоа што тоа е затоплувачки пијалок кој е брилијантен сам по себе. Нема потреба да сервирате закуски заедно со него.

греено вино

Сепак, доколку сакате да го комбинирате со нешто, најдекадентната комбинација несомнено е со посолени видови на сирење.  Уживајте во овој превкусен рецепт додека седите пред каминот читајќи добра книга, додека се дружите со семејството или пак ја гледате својата омилена серија.

греено вино

Рецепт за греено вино

Уживајте во овој превкусен рецепт додека седите пред каминот читајќидобра книга, додека се дружите со семејството или пак ја гледате својатаомилена серија
Prep Time 5 mins
Cook Time 10 mins
Total Time 15 mins

Ingredients
  

  • 50 г шеќер
  • Сок од 1 портокал
  • 500 мл црвено вино
  • 1 стапче цимет
  • 1 јаболко исечкано на кругови
  • 1 мандарина излупена и поделена на неколку делиња
  • 2-3 каранфилчиња
  • 1 ѕвездест анасон
  • 2-3 см свеж ѓумбир исечкан на парчиња

Instructions
 

  • Во тенџере на оган растопете го шеќерот во карамел. Внимателно додајте го сокот од портокал, а веднаш потоа и црвеното вино. Додајте ги стапчето цимет, јаболкото, мандарината, каранфилчињата, ѕвездестиот анасон, ѓумбирот и оставете сите вкусови да се соединат. Не дoзволувајте виното да врие, потребно е да готвите околу 10 минути, но не пречекорувајќи ја точката на вриење. Послужете во чаши и сервирајте.

Leave a Reply