Ѓевречиња со путер и мед – појадок од детството

Пред некое време Ви покажав како да направите неверојатни домашни варени ѓевречиња, кои можете да ги комбинирате на најразлични начини.

Овие превкусни крцкави ѓевречиња ме вратија во детството, кога утрата пред да одам на училиште, новиот ден го започнував со нешто многу едноставно, но во исто време и многу впечатливо.

Најмногу се радував кога за појадок има топло и миризливо ѓеврече, премачкано со растопен путер и прелиено со природен мед. За миг да можам да Ви ја доловам насмевката на моето лице, ќе речете дека сум бил најсреќното дете што постои.

Затоа денес почестете се еден ваков појадок и започнете ја неделата со насмевка. Нема да Ви бидат потребни само неколку состојки, а крајниот резултат ќе виде врвно задоволство.

ѓевречиња со путер и мед

Појадок кој ќе ве врати во детството – ѓевречиња со путер и мед

Овие превкусни крцкавиѓевречиња ме вратија во детството, кога утрата пред да одам на училиште, новиотден го започнував со нешто многу едноставно, но во исто време и многувпечатливо.
време за подготовка 5 mins
Вкупно време 5 mins

Состојки
  

  • 2 варени ѓевречиња
  • 2 лажици путер омекнат
  • 2-3 лажици мед

Начин на подготовка
 

  • Пресечете ги ѓевречињата на половина и премачкајте ги со омекнатиот путер. Веднаш потоа нанесете убав слој од медот и сервирајте со чаша млако млеко.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар