Излозите на познатите продавници за благо вообичаено се украсени со најразлични слатки, меѓу кои и парчиња од чоколадни табли со суво овошје и јаткасти плодови како бадеми, лешници, ореви или ф`стаци.
Не знам за Вас, но јас секогаш паѓам во искушение да си купам по некое парче чоколадо. Кога немам прилика да купам, тогаш ги земам потребните состојки и сам ја создавам магијата во својата кујна. Бидејќи претпочитам темно чоколадо за овој рецепт користам квалитетно црно чоколадо со минимум 75% какао делови.
Убавината на овие чоколадни табли кои подоцна ќе ги искршите на неправилни парчиња е во тоа што можете да користите најразлично суво овошје и јаткасти плодови со кои што ќе го облагородите нивниот вкус.
Овој десерт одлично одговара со шолја кафе или чај.

Чоколадни табли со суво овошје и јаткасти плодови
Ingredients
- 200 г квалитетно црно чоколадо со минимум 75% какао делови
- 2-3 лажици суво грозје
- 2-3 лажици сува брусница
- 1-2 лажици сушен ананас
- 1-2 лажици сува папаја
- 5 лажици сечкани бадеми
- 1 лажица кокос
Instructions
- Најпрво растопете го чоколадото во микробранова печка или во сад на пареа. Распределете го со помош на шпатула врз хартија за печење и врз него наредете ги сувото овошје и јаткастите плодови. Може да користите комбинација од тоа што имате дома – сечкани урми, смокви, суви кајсии, ореви, лешници…Оставете да се стегне и искршете на неправилни парчиња.