cokoladna torta

Чоколадна торта без брашно – совршен рецепт за Велигден

Мојата омилена чоколадна торта е една од оние торти кои верувале или не се подготвуваат без брашно. Да, добро прочитавте! Во ова чоколадно задоволство нема ни грам брашно. Тоа воопшто не е важно, бидејќи ова со сигурност е најдобрата чоко торта која што некогаш сте ја пробале.

чоколадна торта

Нејзиниот изглед е помалку рустичен што ја прави идеална за сите оние пригоди кога на вашата трпеза сакате да послужите нешто впечатливо и малку поинакво од класичните типови на торти. Јас вообичано ја приготвувам за Велигден бидејќи одлично се вклопува во мојата идеја за велигденски десерт. За да ја надополнам декорацијата честопати користам мини чоколадни јајца и зајчиња во духот на празникот кои имаат за цел да ја доловат мојата замисла.

Кога ја приготвувам тортата за друга прилика, знам да си поиграм со свежото овошје и да ја украсам со малини, капини и рибизли. Што и да е изберете, нема да погрешите. Вкусот е интензивен и неповторлив, па оваа чоколадна торта лесно ќе се најде на вашата листа на рецепти кои редовно ќе ги приготвувате за најблиските.

cokoladna torta

Чоколадна торта без брашно

Вкусот е интензивен и неповторлив, па оваа чоколадна торта лесно ќе се најде на вашата листа на рецепти кои редовно ќе ги приготвувате за најблиските.
Servings 8

Ingredients
  

  • 200 г чоколадо за готвење
  • 120 г растопен путер
  • 6 јајца на собна температура
  • 100 г шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50 г шеќер

Instructions
 

  • Најпрво, загрејте ја рерната на 160 степени.
  • Во мало тенџерче растопете го путерот и чоколадото заедно и тргнете гина страна да се изладат. Потоа земете четири јајца и во еден сад ставете ги жолчките, а во друг белките.
  • Со помош на миксер започнете да матите во садот со белките и постепено додавајте 100 г шеќер и 2 пакетчиња ванилин шеќер. Матете 10-тина минути додека не добиете цврст снег. Доколку користите екстракт од ванила додајте го откако ќе оформите бел снег – не додека ги матите белките. Оставете ги изматените белки на страна.
  • Во садот со жолчките искршете ги и преостанатите две јајца – цели. Постепено додавајте 50 г шеќер и матете со миксер додека не добиете смеса со волумен – матете околу 7-10 минути. Изладените и растопени путер и чоколадо додајте ги во садот со изматените жолчки. Добро промешајте со помош на шпатула додека не добиете изедначена смеса. Внимателно, со помош на шпатула додавајте од изматените белки промешувајќи со цел да оформите смеса со повеќе воздух. Тоа значи, дека не треба да мешате силно за да не избега воздухот од изматените белки. Внимателно со кружно движење оформете изедначена смеса.
  • Претурете ја вака формираната чоколадна смеса во округло тавче на механизам бр.23 лесно премачкан со путер или маргарин.
  • Печете околу 45-55 минути во зависност од Вашата рерна. Многу е важно првите 45 минути да не ја отварате рерната воопшто, бидејќи при отварањето ќе излезе топлиот воздух и тортата ќе ви спласне. Кога тортата ќе биде готова, оставете ја неколку часа да се излади на собна температура во калапот во кој што се печеше. Со текот на времето ќе забележите дека тортата ќе спласне и ќе пукне на неколку места.
  • Тоа се случува поради тоа што нема брашно и нема структура која што ќе ја држи, но тоа е дел од нејзиниот шарм и рустикален изглед.
  • За да ја декорирате тортата откако ќе се излади изматете 3 пакетчиња за шлаг со 250 мл. млеко. Лесно изматениот шлаг ставете го во средишниот дел на тортата. Декорирајте по Ваш вкус.

Leave a Reply