далгона кафе

Dalgona кафе во три превкусни верзии за сечиј вкус

Dalgona кафето е апсолутен хит за оваа 2020та, има само три состојки и стана ултра популарно низ целиот свет благодарение на TikTok. Изгледа дека сите беа маѓепсани од неговиот кремаст и моќен вкус, а воедно и од едноставната постапка за подготовка. Освен тоа изгледа мошне убаво и модерно и е како создадено за сторињата на Instagram.

Досега веќе сите знаат како да ја приготват класичната верзија, но јас не би бил јас, доколку не направам свој твист на ова популарен пијалак. Трите верзии кои што ќе Ви ги презентирам денес се супер пенести и неверојатно вкусни и за да ги направите ќе Ви бидат потребни само 5 минути.

Од сега кога ќе го пиете утринското кафе ќе може да изберете помеѓу неповторливата ванила комбинација, интензивното чоколадно dalgona кафе или пак супер егзотичното и миризливо кокос издание. Ако ме послушате, најдобрата опција е да ги испробате сите 3 верзии, така што секој ден ќе уживате во нов вкус.\

далгона кафе

Dalgona кафе во 3 превкусни верзии за сечиј вкус

Досега веќе сите знаат како да ја приготват класичната верзија, но јасне би бил јас, доколку не направам свој твист на ова популарен пијалак.
време за подготовка 5 mins
Вкупно време 5 mins

Состојки
  

За ванила вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 коцки мраз

За чоколаден вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици какао
  • 3 коцки мраз

За кокос вкус:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 3-4 лажици студена вода
  • 200 мл млеко
  • 2 лажици кокос
  • 3 коцки мраз

Начин на подготовка
 

  • Најпрво за сите кафиња потребно е да ја подготвите густата пена. Во длабок сад со рачен блендер или со жица за матење изматете ги кафето, водата и шеќерот. Матете додека не добиете густа пена. Во чаша ставете го млекото, мразот и промешајте со ванилата. При сервирање ставете од изматената кафе пена.
  • За чоколадниот вкус – изматете ја кафе пената од кафето, ванилиниот шеќер и водата. Изблендирајте го млекото со какаото и сервирајте го во чаша. Додајте мраз и сервирајте со кафе пена. Декорирајте со какао.
  • За кокос вкусот – изматете ја кафе пената матејќи ги кафето, шеќерот и водата. Млекото и кокосот добро изблендирајте го и сервирајте во чаша со мраз. Декорирајте со кафе пената и кокос.
    Добар апетит и забавно готвење!



Остави коментар