сирењаци

Сирењаци какви што не сте пробале

Подготвени сте за малку поинаков појадок? Сирењаците кои што ќе ги направиме денес се различни од се што досега сте го пробале. Тие се меки, ароматични, помалку необични, но неверојатно вкусни и се подготвуваат на многу лесен начин.

При првото споделување на овој рецепт на мојот Instagram профил, овие вкусни сирењаци веднаш станаа хит. Изгледа дека додека бевме во карантин, повеќето од Вас се препуштија на експериментирањето во кујната, па Ви се допадна експлозијата од вкусови кои ги нудат овие меки лепчиња.

Нивната необичност е во спојот на сирење и мед, што истовремено ги прави солени и помалку благи. Совршен спој кога сакате да вкусите нешто ново и поразлично од она на што вообичаено сте навикнати.

Од оваа доза на состојки се добиваат 8 сирењаци со средна големина. Се печат не повеќе од половина час и се превалкуваат во сусам.

сирењаци

Сирењаци какви што не сте пробале

Изгледа дека додека бевме во карантин, повеќето од Вас се препуштија на експериментирањето во кујната, па Ви се допадна експлозијата од вкусови кои ги нудат овие меки лепчиња.
 
време за подготовка 10 mins
време за готвење 25 mins
1 hr
Вкупно време 1 hr 35 mins
сервирања 8

Состојки
  

  • 500 г брашно
  • ½ коцка свеж квасец
  • Сол прстофат
  • 2 лажички шеќер
  • 100 мл. масло за јадење
  • 180 мл. млако млеко

За филот:

  • 250 г сирење дробено со виљушка
  • 1 јајце

За смесата со мед:

  • 100 мл. вода
  • 2 лажици мед
  • 100-150 г сусам

Начин на подготовка
 

  • Во сад измешајте ги сите состојки за тестото со помош на дрвена лажица или виљушка. Месете го тестото 2-3 минути колку да добиете меко и глатко тесто. Оставете го 60 минути да нарасне на собна температура и поделете го на 8 еднакви парчиња.
  • Секое парче растегнете го и наполнете го малку фил од сирење и јајце. Оформете сирењак во облик на чамец и ставете го на страна. Постапката повторете ја со преостанатите парчиња тесто и фил. Секој од сирењаците потопете го во течноста од вода и мед заедно промешани и превалкајте ги во сусам.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-35 минути додека не добијат убава златно-кафена боја. Сервирајте додека се топли.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар