селско месо

Семеен рецепт за селско месо

Селското месо е едно од најпрепознатливите јадења во домашната кујна. Без разлика на тоа кој како го подготвува, овој превкусен специјалитет е вистински гастрономски деликатес кој совршено оди рака под рака со чаша квалитетно црвено вино.

Горд сум што можам да кажам дека рецептот што ќе го споделам денес во Вас е оној по кој што го приготвува мојата сакана мајка и оној кој се пренесува од колено на колено, како дел од семејната традиција. Убавината на ваквите рецепти е во тоа што секогаш кога се прават, се споделува дел од магијата на оние кои повеќе не се со нас, но секогаш си ги споменуваме кога семејството е собрано на едно месо. Топлата порција селско месо, освен што ни го стоплува телото во зимскиот период, воедно и ни ја стоплува и душата бидејќи се потсетуваме на сите убави мигови поминати со најблиските.

Откако ќе го направите рецептот, не заборавајте да го сервирате со неколку феферонки, кои се финалниот детаљ на ова превкусно јадење.

селско месо

Семеен рецепт за селско месо

Топлата порција селско месо, освен што ни го стоплува телото во зимскиот период, воедно и ни ја стоплува и душата бидејќи се потсетуваме на сите убави мигови поминати со најблиските.
време за подготовка 30 mins
време за готвење 1 hr 30 mins
Вкупно време 2 hrs

Состојки
  

  • 350 г телешко месо исечкано на коцки
  • 350 г свинско месо исечкано на коцки
  • 200 г мелено месо
  • 2 лажици лебни трошки
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 жолчка
  • 2 лажици брашно за превалкување на топчињата од мелено месо
  • 200 г свежи шампињони исечкани на коцки
  • 1 лажица брашно
  • 1 коцка супа
  • 600 мл вода
  • 3-4 феферонки

Начин на подготовка
 

  • Во тавче на оган загрејте масло за јадење и пропржете ги телешкото и свинското месо. Во меленото месо ставете лебни трошки, сол и мелен црн пипер по вкус и жолчката.
  • Оформете мали топчиња од меленото месо во големина колку парчињата телешко и свинско месо. Извалкајте ги топчињата во брашно и пропржете ги во масло за јадење. Во земјена тава или тава за печење, ставете ги испржените парчиња месо и свежите шампињони исечкани на листови. Во маслото во тавата во која се пржеле парчињата месо додајте го брашното, коцката супа и водата. Кога смесата ќе се згусне прелијте ја оваа смеса врз парчињата мелено месо.
  • Во рерната ставете ја тавата со селско месо, загрејте ја на 150 степени и печете од 70 до 90 минути додека месото не добие убава златно-кафена боја. Сервирајте со феферонки и уживајте.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар