Освежителен десерт готов за 10 минути

Во топлите летни денови сите сакаме нешто брзо и нешто освежително. Најдобрата опција за разладувачки десерт несомнено е чизкејкот. Досега Ви презентирав неколку верзии на домашен чизкејк со богат и интензивен вкус на шумско овошје и вишни, кои доколку се уште не сте ги испробале, дефинитивно треба да се најдат на вашата листа на рецепти кои треба да ги испробате.

До тогаш насладувајте се со новата лимон верзија, која е совршено кремаста со богат цитрусен мирис и вкус, полн погодок за температури над 30 степени. Времето за подготовка горе-долу се сведува на десетина минути. При подготовката на кората може да користите шеќер во прав или мед. Топло Ви препорачувам да ја изберете опцијата со мед бидејќи прави впечатлив контраст со лимонот кој што ќе го употребите за филот.

Откако убаво ќе се излади, овој ароматичен и неверојатно вкусен чизкејк се сече на коцки со средна големина. Секоја коцка се декорира со кругови лимон, вишни и бадемче, мошне едноставна, но ефективна декорација, што прекрасно се вклопува целиот концепт на овој десерт.

чизкејк со лимон

Освежителен летен десерт готов за 10 минути

Досега Ви презентирав неколку верзии на домашенчизкејк со богат и интензивен вкус на шумско овошје и вишни, кои доколку сеуште не сте ги испробале, дефинитивно треба да се најдат на вашата листа нарецепти кои треба да ги испробате.
време за подготовка 10 mins
1 hr
Вкупно време 1 hr 10 mins
сервирања 9

Состојки
  

За кората:

  • 220 г бисквити
  • 130 г растопен путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици шеќер во прав или 1 лажица мед

За филот:

  • 350 г неутрално крем сирење
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • Кора од 1 лимон
  • Сок од 1 лимон
  • 150 шеќер во прав
  • 2 кесички шлаг пена
  • 250 мл. млеко
  • 1 кесичка растворен и растопен желатин

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, растопениот путер, ванилата и шеќерот во прав или медот. Добро промешајте и натапкајте ја смесата во мало тавче обложено со хартија за печење.
  • Во друг длабок сад изматете ги неутралното крем сирење, кората и сокот од лимон, шеќерот во прав кесичките шлаг и млекото. Матете со миксер додека комплетно не се соедини целата смеса и додајте го растопениот и растворен желатин. Промешајте и ставете ја смесата врз бисквитите.
  • Оставете да се стегне во ладилник околу 1 час. Сечете парчиња и сервирајте со кругови лимон, вишни и бадем.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар