Лепче како создадено за вашите семејни собиранки

За денеска Ви подготвив едно мошне едноставно, но штосно лепче со кисели краставички, сенф и маслинки. Велам штосно бидејќи во него се комбинирани интересни вкусови, а во исто време изгледа мошне убаво за око.

Ова лепче е идеално како за новогодишната, така и за божиќната трпеза, но и за сите оние домашни собиранки во текот на целата година. Краситоста на киселите краставички и горчината на сенфот одлично се надополнуваат една со друга, додека маслинките и кромитчето го издигнуваат вкусот на повисоко ниво и му даваат посебен шмек на ова меко лепче.

Можете да го консумирате заедно со вашето омилено бело сирење или пак со кисело млеко. Сигурен сум дека кога еднаш ќе го направите, потоа ќе ви стане еден од оние рецепти кои редовно ќе ги приготвувате за своите најблиски, па сите со задоволство ќе бараат парче повеќе.

лепче со маслинки

Лепче како создадено за вашите домашни собиранки

Можете да го консумирате заедно со вашетоомилено бело сирење или пак со кисело млеко. Сигурен сум дека кога еднаш ќе гонаправите, потоа ќе ви стане еден од оние рецепти кои редовно ќе гиприготвувате за своите најблиски, па сите со задоволство ќе бараат парчеповеќе.
време за подготовка 1 hr
време за готвење 40 mins
Вкупно време 1 hr 40 mins

Состојки
  

За тестото:

  • 300 г брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 пакетче сув квасец
  • 50 мл масло за јадење
  • 130-150 мл млако млеко

За филот:

  • 5 кисели краставички исечкани на коцки
  • 2 млади кромитчиња ситно исечкани
  • 50-70 г црни маслинки ситно исечкани
  • 2-3 лажици сенф
  • Мелен црн пипер по вкус
  • 50 г рендан кашкавал

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад замесете тесто од брашното, солта, шеќерот, квасецот, маслото и млекото. Оставете тестото да стаса околу 1 час на собна температура покриено со кујнска крпа.
  • Расукајте го на работна површина набрашнета со брашно, обликувајте го во правоаголна форма и премачкајте го со тенок слој од сенф. Врз него наредете од сечканите кисели краставички, ситно исечканите кромитчиња, сечканите маслинки и ренданиот кашкавал.
  • Превиткајте го тестото како за ролат и пресечете го целиот ролат на половина по дијагонала (кога ќе го пресечете треба да се гледа филот, но внимавајте да не го истурите).
  • Сплетете плетенка така што филот ќе гледа нагоре, а плетенката префрлете ја во калап за векни обложен со хартија за печење.
  • Оставете да стаса уште 10-15 минути и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40-тина минути. Оставете да се излади и пресечете парчиња.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар