пица ролнички

Пица ролнички за секоја пригода

Еден од рецептите кои доживеаја вистински бум на мојот Instagram профил, несомнено е оној за пица ролнички, кои се супер избор за појадок, вечера, а воедно и за сите оние пригоди кога на трпезата треба да принесете нешто што е вкусно, препознатливо и некомплицирано за подготовка.

Бидејќи ги правам со домашно месено тесто, овие мини ролнички се совршено меки дури и неколку дена по печењето. Филот со кој што ја полнам внатрешноста се состои од добро познатата комбинација на кашкавал, шунка и доматен сос, која за мене е најдобрата опција на состојки за овие мини ролнички.  Сепак, ако од некоја причина повеќе би сакале поинакво полнење, слободно експериментирајте со она што веќе го имате во домот.

Откако ќе го обликувате ролатот, препорачувам на кратко да го оставите во замрзнувачот за да се излади. Ова ќе ви овозможи полесно да ги исечете парчињата, а воедно и да добиете убаво обликувани ролнички со иста димензија.  Пред да ги ставите на печење врз нив наросете малку ким и сусам за да добијат уште поубав шмек.

пица ролнички

Пица ролнички за секоја пригода

Еден од рецептите кои доживеаја вистински бум на мојот Instagram профил, несомнено е оној за пица ролнички, кои се супер избор за појадок, вечера, а воедно и за сите оние пригоди кога на трпезата треба да принесете нешто што е вкусно, препознатливо и некомплицирано за подготовка.
време за подготовка 15 mins
време за готвење 25 mins
1 hr
Вкупно време 1 hr 40 mins

Состојки
  

За тестото:

  • 600 г брашно
  • 200 мл млако млеко
  • 70 мл млака вода
  • 1 белка
  • 100 мл масло за јадење
  • ½ коцка свеж квасец 20 г
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици шеќер
  • Сусам и ким за наросување

За филот:

  • 100-120 мл доматен сос
  • 200 г кашкавал изрендан
  • 150 г шунка изрендана
  • 1 лажичка оригано
  • 2 лажички свежо изрендан пармезан

Начин на подготовка
 

  • о длабок сад ставете ги брашното, солта, шеќерот и квасецот. Додајте ја белката, водата, маслото, млекото и замесете меко тесто. Оставете го тестото да стаса на собна температура околу 60-90 минути.
  • Расукајте го тестото во правоаголна форма и премачкајте со доматен сос. Врз него ставете од ренданиот кашкавал, шунка и пармезан и наросете суво оригано. Превиткајте ја кората во ролат и пресечете парчиња.
  • Секое парче од пица ролничките ставете го во тавче за печење и премачкајте го со лесно изматено јајце. Наросете ким и сусам за повкусен шмек.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар