Егзотични колачиња направени со 4 состојки

Утрово станав со желба за колачиња. Но, не било какви колачиња, туку егзотични мали деликатеси кои се прават само со 4 состојки.  Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно.

Освен тоа во зависност од расположението, правам две различни верзии – една со чоколаден крем со лешник и една со чоколаден крем со кокос. Ако ме запрашате која е поубава, најверојатно ќе се определам за опцијата со кокос, но за волја на вистината и двата типа на колачиња се топат во уста, така да нема да погрешите ако направите по една доза и од двете. За новогодишните празници можете да бидете и малку повеќе креативни, па секое колаче да го ставите во проѕирна кесичка и да го закачите како украси на новогодишната елка. Вашите најблиски и гостите со сигурност ќе паднат во искушение да ви украдат некој „лампион“.

колачиња со 4 состојки

Егзотични колачиња направени со 4 состојки

Особено ме радува што се приготвуваат за помалку од 20тина минути, вклучувајќи го тука и времето за печење, па знам дека нема да заглавам во кујната повеќе од потребно.

Состојки
  

  • 240 г чоколаден крем со кокос
  • 1 јајце
  • 130-150 г брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка
 

  • Најпрво ставете го чоколадниот крем на топло место за да стане течен. Потоа, во длабок сад ставете го и промешајте го со јајцето. Додајте го брашното и прашокот за печиво и оформете тесто.
  • Со помош на вашите дланки оформете мали топчиња и наредете ги во тавче обложено со хартија за пeчење. Со помош на шпатула или виљушка, притиснете ги сите колачиња за да ги израмните во тавчето.
  • Печете во загреана рерна на 180 степени околу 8-10 минути. Оставете да се оладат 10 минути во тавчето во кое се печеле и сервирајте со шолја кафе.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар