чоколадо

Чоколадни плочки

Некогаш не мора да имате кој знае колку состојки, за да создадете нешто убаво како на вкус, така и на изглед. Чоколадните плочки се совршен пример за тоа дека и малку, може да биде многу кога правилно ќе ја насочите креативноста.

Се прават за помалку од 10 миниути и се што ви треба е чоколадо со минимум 70 проценти какао, како и неколку додатоци по сопствен избор.

Откако ќе се изладат може да ги ставите на некоја впечатлива чинија за сервирање, да ги спакувате во мини хартиени обвивки или пак во мала кутија и потоа да им ги подарите на најблиските.  Замислете им ја насмевката на лицето кога ќе дознаат дека овој пресладок подарок е ваше дело.

чоколадо

Чоколадни плочки

Се прават за помалку од 10 миниути и се што ви треба е чоколадо со минимум 70 проценти какао, како и неколку додатоци по сопствен избор.
време за подготовка 10 mins
Вкупно време 10 mins
сервирања 4

Состојки
  

  • 100 г чоколадо со 70 проценти какао
  • Бадеми ореви, лешници, брусница, кокос, суво грозје или нешто по сопствен избор

Начин на подготовка
 

  • Го растопувате чоколадото на пареа, го префрлате во готварски шприц и на хартија за печење формирате плочки со големина по желба.
  • Врз нив додека чоколадото е се уште растопено ставате неколку јатки (орев, лешник) и суво грозје и брусница. Чекате чоколадото да се стврдне и јадете.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар