Зимската идила и празничната магија не се потполни ако при рака немате шолја домашно топло чоколадо. Без разлика дали на него гледате како на своевиден десерт или само како на вкусен напиток, топлото чоколадо едноставно е безвременско. Секогаш е поубаво да се насладите на шолја чоколадо, отколку на шолја чај, зар не?

Овој викенд препуштете се на малите нешта, па почестете се топло чоколадо, за чија подготовка ќе ви бидат потребни само 10 минути.

Топло чоколадо
Без разлика дали на негогледате како на своевиден десерт или само како на вкусен напиток, топлоточоколадо едноставно е безвременско.
Ingredients
- 250 г млеко
- 150 г слатка павлака за готвење
- 80 г чоколадо
- 2 лажици какао
- 4 лажици шеќер
- 1 лажичка инстант кафе
- 1/2 лажичка цимет
- Кора од 1/2 портокал
Instructions
- Сите состојки ставете ги во тенџере и мешајте се до моментот пред да зоврие целата смеса.
- Послужете во чаши за послужување и декорирајте со мелени лешници и чоколадни лажичиња доколку имате.Добар апетит и забавно готвење!