Ако досега немавте навика да правите комбинација на павлака, кашкавал и сушени домати, наскоро ќе се навлечете на овој спој од вкусови. Мини питите кои што ќе ги споделам денес изгледаат мошне симпатично, а во исто време се превкусни, крцкави и просто незаменливи.
За да бидат уште повпечатливи им додадов и малку магдонос. Можете да ги направите секогаш кога имате желба за домашно направено тесто, за кое не Ви е потребно многу време.

Мини пити со сушени домати
Мини питите кои што ќе ги споделам денес изгледаат мошне симпатично, а во исто време се превкусни, крцкави и просто незаменливи.
Ingredients
- 250 г брашно
- 1/2 лажичка инстант квасец
- 1 лажичка шеќер
- Прстофат сол
- 100 мл. млеко
- 50 мл масло
За филот:
- 150 г кашкавал
- 4 лажици кисела павлака
- 4 лажици исечкани сушени домати
- Рендан пармезан
- Свеж магдонос
Instructions
- Замесете тесто од првите состојки и оставете го да стаса околу 30-40 минути на собна температура. Размесете го и поделете го на 4 еднакви делови.
- Секој дел расукајте го во мала коцка и во средишниот дел нанесете од киселата павлака, малку кашкавал, сушени домати и магдонос. Завратете ги краевите и формирајте ги како на фотографијата.
- Оставете ги да се одморат околу 10 минути, премачкајте ги со изматено јајце и печете 20-тина минути на 180 степени.Добар апетит и забавно готвење!