Неделите се резервирани за дружба со семејството. Некогаш тоа е појадок, друг пат ручек, а многу често правиме и супер седенки со гледање филмови и играње друштвени игри.
Во вакви ситуации ни треба нешто за замезување, а ова лепче со сос во средината е токму тоа што се бара. Замислете си само колку е слатко кога ќе повлечете делче од него и насекаде ќе се растегне сочен кашкавал, па потоа ќе го макнете парченцето во сосот од павлака, сирење и буковец. Прсти да излижеш!

Лепче со сос за незаборавна седенка
Замислете си само колку е слатко кога ќе повлечете делче однего и насекаде ќе се растегне сочен кашкавал, па потоа ќе го макнетепарченцето во сосот од павлака, сирење и буковец. Прсти да излижеш!
Состојки
- 600 г брашно
- 1 лажичка сув квасец
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 2-3 лажички шеќер
- 200 мл. млеко
- 150 мл. масло за јадење
- 50 мл млака вода
- 1 јајце
За филот:
- 250 г рендан кашкавал
- 2 чешниња лук ситно исечкани
- 3 лажици ситно исечкан магдонос
- 1 лажица пармезан рендан
- 150 мл растопен путер.
За сосот:
- 150 гр кисела павлака
- 100 гр крем сирење
- 1/2 лажичка буковец
- Сол и бибер по вкус
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка
- Најпрво замесете едно тесто од брашното, квасецот, прашокот за печиво, солта, шеќерот, млекото, маслото, млаката вода и јајцето. Убаво измесете и оставете да стаса на собна темепратура околу 1 час.
- Размесете го и поделете го на 30-тина еднакви топчиња. Секое топче потопете го во растопен путер и извалкајте го во добро измешаната смеса од рендан кашкавал, лук, магдонос и пармезан. Наредете ги топчињата едно по едно во тавче на механизам, обложено со хартија за печење, а во средишниот дел ставате огноотпорен сад добро премачакн со путер од надворешните страни за да не се залепи за тестото, а да направи празнина за сосот при послужување.
- Оставете да стаса околу 20-30 минути и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути.
- Промешајте ги сите состојки за сосот, ставете ги во сад, а потоа ставете го садот во средишниот дел на ова зачинето лепче.Добар апетит и забавно готвење!