Кога за прв пат го послужив овој специјалитет на мојата трпеза, дел од моите пријатели мислеа дека станува збор за лиснато тесто. Но, ако погледнете малку подобро, тоа во суштина се компири.
Моето експерименирање во кујната резултираше со вкусна декоративна закуска или подобро кажано мафини компири. Се приготвуваат многу лесно, а изгледаат како да сте потрошиле голем дел од своето време на нивната подготовка. За вкусот нема да коментирам и ќе оставам сами да процените.

Декоративна закуска од компири
Ingredients
- 6 средни компири
- 100 г растопен путер
- 2 лажици рендан пармезан
- 100 гр рендан овчи кашкавал
- Оригано сол и мелен црн пипер
- 1 лажичка сенф
Instructions
- Тенко исечкајте ги компирите (на алатка за тенко сечкање зеленчук), а потоа додадете го растопениот путер, сенф, пармезан и зачините.
- Добро промешајте со раце и земете неколку листови еден врз друг и наредете ги во добро премачкан калап за мафини. Одозгора наредете рендан овчи кашкавал и оригано.
- Печете во загреана рерна на 190 степени околу 40-50 минути. Декорирајте со свеж магдонос.Добар апетит и забавно готвење!