Декоративна елка погача со фил од спанаќ и сирење

Рекле дека луѓето најпрвин јадат со очите, па дури потоа пристапуваат кон осознавање на јадењето преку мирисот и вкусот. Токму со оваа декоративна елка погача ќе биде малку поинаква од досега.

Велам поинаква досега бидејќи е во форма на декоративна елка, која изгледа мошне убаво особено кога е поставена како централен елемент на трпезата.

Мојот избор на фил најчесто е спанаќ со дробено сирење, но кога е во прашање вашиот вкус, слободно можете да користите широк спектар на најразлични полнења како пица, доматен сос и печурки, мелено месо и слично.

новогодишна погача

Декоративна елка погача со фил од спанаќ и сирење

Рекле дека луѓето најпрвин јадат со очите, па дури потоа пристапуваат кон осознавање на јадењето преку мирисот и вкусот.
време за подготовка 1 hr
време за готвење 35 mins
Вкупно време 1 hr 35 mins
сервирања 4

Состојки
  

  • 750 г брашно
  • 250 мл млеко доколку е многу тврдо тестото додадете уште малку
  • 1/2 квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 јајца
  • 120 мл масло за јадење
  • 2 лажички сол
  • 50-100 г маргарин
  • Jајце за премачкување
  • Сусам

За филот:

  • 500 г исчистен спанаќ и попарен со врела вода исечкан
  • 200 г дробено сирење
  • Сол по вкус

Начин на подготовка
 

  • Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, млекото, маслото, јајцата и солта. Замесете меко и глатко тесто и оставете го да стаса околу 1 час на собна температура.
  • Откако ќе стаса тестото поделете го на два дела и расукајте две правоаголни кори од секој од деловите. Премачкајте ја едната кора со малку маргарин и потоа нанесете го филот така што ќе го распределите низ целата кора (врз маргаринот). Врз филот ставете ја другата кора.
  • Со нож пресечете триаголник од тестото, така што на долниот дел од триаголникот ќе го формирате стеблото на елката. Вишокот од тестото тргнете го на страна, подоцна можете да направите вкусни филувани кифлички или пак мала мини погача.
  • Сега кога го имате обликот на елка, од врвот надолу повлечете две вертикални линии со нож, не сечејки го тестото, само обележувајќи две линии. Едната да се совпадне со левата страна, а другата со десната страна со стеблото на ,,елката”.
  • Започнувајки од долниот дел пресечете ленти (водејќи се од двете вертикални линии) широки околу 1,5 см од двете страни на елката. Свиткајте ги сите ленти во спирала. Целата елка премачкајте ја со жолчка. Декорирајте ја со сусам и ставете неколку парчиња маргарин по нејзината површина.
  • Оставете да стаса околу 15-20 минути и ставете ја во рерна да се пече на загреана рерна од 180 степени околу 25-35 минути, додека не добие убава златна боја.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар