Размислувате со каков здрав појадок да го започнете денот? Мојот предлог е чиа пудинг. Чиа семето е одличен извор на омега 3 масни киселини, мошне е богато со калциум и магнезиум, а воедно го зголемува и чувството на ситост.

Јас претпочитам да го направам чиа пудингот од вечер за наредното утро, кога ќе уживам во неговиот неодоловив вкус. Но, можете да го направите и наутро, со тоа што ќе ви бидат потребни 30-40 минути пред да можете да го консумирате.
За да ги задоволам и оние најпребирливите, овој пат за Вас имам 5 различни верзии на овој неверојатно вкусен и здрав појадок.

5 верзии на чиа пудинг
Ingredients
Чиа пудинг со шумско овошје
- 3-4 лажици чиа семе
- 150 мл бадемово млеко може и обично кравјо или било кое растително млеко
- 2 лажички мед
- Мешано шумско овошје за декорација
Чиа пудинг со семки од тиква
- 3-4 лажици чиа семе
- 150 мл млеко
- 2 лажички мед
- 2 лажици семки од тиква
Чоко чиа пудинг
- 3-4 лажици чиа семе
- 2 лажици какао
- 150 мл млеко
- 2 лажици агаве сируп или малтекс
- 1 лажица чоко капки
- 2 лажици сечкани ореви
Чиа пудинг со бадеми и мед
- 3-4 лажици чиа пудинг
- 150 мл млеко
- 2 лажички мед
- 2-3 лажици сечкани бадеми
Чиа пудинг со кокос и малина
- 3-4 лажици чиа пудинг
- 150 мл млеко
- 1 лажица кокос
- 2 лажички мед или шеќер
- 5-6 малинки за декорација
- Кокосов чипс за декорација
Instructions
- За да ја подготвите било која од овие вкусни комбинации во чаша ставете го млекото, чиа семето и промешајте. Оставете во ладилник 30 минути да се желира, а на секои 10 минути промешајте за да биде еднакво желирањето во целата чаша. Пред сервирање додајте го медот и декорирајте ја секоја чашка со Вашиот омилен вкус.Добар апетит и забавно готвење!