Чоколадни вафли

Вафлите може да бидат прекрасен појадок или пак дел од неделниот бранч. Мојот рецепт ќе Ви помогне да направите автентични чоколадни вафли со крцкава надворешност и совршено лесна и мека внатрешност.

Се што ви е потребно е апарат за вафли во кој што ќе може да ги испечете и неколку едноставни состојки за да ја приготвите смесата. За разлика од класичните вафли, за мојата чоко верзија ќе користиме какао и мед. На крај префинето ќе ги украсиме со шлаг, свежо овошје и чоколаден сос, за да создадеме впечаток како да се направени во слаткарница.

чоколадни вафли

Чоколадни вафли

Вафлите може да бидат прекрасен појадок или пак делод неделниот бранч. Мојот рецепт ќе Ви помогне да направите автентичничоколадни вафли со крцкава надворешност и совршено лесна и мека внатрешност.
Prep Time 10 mins
Cook Time 10 mins
Total Time 20 mins
Servings 4

Ingredients
  

  • 220 г брашно
  • 3 полни големи лажици какао
  • 1 лажица шеќер
  • 3 големи лажици мед
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 1 лажичка цимет
  • 2 јајца
  • Кора од лимон
  • 450 мл млеко може и бадемово млеко

За сервирање:

  • 1 кесичка шлаг
  • 125 мл. млеко
  • Чоколаден сос за преливот
  • Свежо овошје јагоди
  • Гранчиња нане за декорација

Instructions
 

  • Во длабок сад промешајте ги сите состојки за вафлите и изматете ги со жица за матење додека целата смеса не стане хомогена. Печете ги вафлите во калап за вафли
  • Во сад од електричен миксер изматете шлаг од кесичката за шлаг и млеко.
  • Сервирајте на чинија со малку шлаг, свежи јагоди и чоколаден сос. Декорирајте со гранчиња нане.
    Добар апетит и забавно готвење!

Leave a Reply