торта со лимон и ванила

Цитрусна лимон – ванила торта

Оваа летна и освежителна торта со егзотичен фил и одлична арома на лимон има спектакуларна декорација, па од се срце ќе ви препорачам да ја направите за некоја посебна прилика, како на пример некоја прослава. Јас ја приготвив за еден од моите родендени и морав да чекам 10тина минути додека моите гости, буквално не и направија фотографии од секој можен агол. Затоа сфатете ме сериозно кога Ви велам дека оваа торта потполно ќе го привлече вниманието.

Освен со лимон и ванила, таа е богата и со ореви, бадеми и лешници, бидејќи сакав да создадам моќен и повеќе слоен хедонистички вкус.

торта со лимон и ванила

Цитрусна лимон – ванила торта

Освен со лимон и ванила, таа е богата и со ореви, бадеми и лешници, бидејќи сакав да создадам моќен и повеќе слоен хедонистички вкус.
време за подготовка 50 mins
време за готвење 45 mins
2 hrs
Вкупно време 3 hrs 35 mins
сервирања 18

Состојки
  

За пандишпаните:

  • 20 белки
  • 20 лажици шеќер
  • 20 лажици мелени јаткасти плодови ореви, бадеми и лешници
  • 4 пакетчиња ванила

За филот:

  • 20 жолчки
  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 250 г шеќер
  • 1.5 л млеко
  • 350 г омекнат путер
  • 15 лажици исечкани јаткасти плодови бадеми ореви и лешници
  • Kора од 2 лимони
  • Сок од 1 лимон
  • 100 г кршени бисквити
  • 100 г сечкана бела чоколада

За шлагот:

  • 4 кесички шлаг
  • 500 мл млеко
  • Жолта прехранбена боја
  • Цитрусни овошја за декорација

Начин на подготовка
 

  • Во сад изматете 5 белки со 5 лажици шеќер и едно пакетче ванилин шеќер. Матете додека не добиете цврст шлаг и додајте 5 лажици мелени јаткасти плодови. Префрлете ја смесата во округло тавче на механизам и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. Постапката повторете ја уште три пати за да добиете вкупно 4 пандишпани. Оставете комплетно да се изладат.
  • Подгответе фил од жолчките, млекото, шеќерот и пудинзите во тенџере на оган. Покријте го филот со хартија за свежа храна за да не фати кора додека не се излади комплетно.
  • Откако ќе се излади во сад изматете го путерот со миксер и полека додавајте од изладениот пудинг. Матете додека не добиете изедначена смеса. Додајте ги кршените бисквити, јаткастите плодови и сечканото чоколадо. Додајте го сокот и кората од лимон и матете додека не добиете хомоген фил.
  • Наредете ја тортата на тој начин што ќе ставите еден пандишпан и ќе го филувате со филот, вториот пандишпан, па повторно филот и се така додека не дојдете до последниот пандишпан. Оставете да се стегне тортата како што е исфилувана околу 2 часа, а потоа премачкајте ја со изматената шлаг пена по ваш вкус.
  • За да добиете преливен ефект на бои, премачкајте малку со бел шлаг, малку со темно жолт и светло жолт. Декорирајте со свежи парчиња лимон, лимета и портокал.
    Добар апетит и забавно готвење!

Остави коментар